Во „КликПлус“ на ТВ21 Христијан Мицкоски истакна дека е убеден во победа на следните парламентарни избори на ВМРО-ДПМНЕ. Прашан за низата реакции по ситуацијата со кафаната во која престојуваше Мицкоски, односно дека Заев и Жерновски побарале да се повлече од политиката.
Мицкоски одговори дека нема намера да се повлече од политиката и свесен е дека Заев и Жерновски ќе бидат најсреќни ако го стори тоа, но напротив тој ќе го победи Заев на избори и ќе покаже како се води државата.
– Сигурен сум дека Жерновски и Заев дека ќе бидат најсереќни да ме нема на политичка сцена. Ќе имаат трас трас судство, бизнис со марихуана..но ќе почекаат да не го видат Христијан во политиката, ќе го победам Заев на избори и ќе му покажам на Заев како се води државата, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.