Ќе победи честита Македонија, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ги донесеме промените кои се потребни, а Македонија ќе ја сочуваме. Ќе донесеме подобро утре со план и со стратегија, со срце и длабок разум за нашата земја. Македонија нема време за губење, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од конвенцијата во Струга на која партијата избира кандидат за претседател на претстојните претседателски избори.
„Имаме многу работа пред нас. Ќе понудиме решенија, ќе понудиме нестрашлива енергија и план кој ќе мора да ја избави нашата земја од кризата во која сме втурнати и која е клекната на колена. Власта е во паника. Нема резултати и секојдневно или лажат или смислуваат вештачки теми за одвлекување на вниманието. Веќе договорот со Грција не е главна тема, народот веќе не потклекнува и на оние обиди за заплашувања или ршења на духот, затоа што се повеќе луѓе не се плашат. Не се плашат и пркосат.“
Мицкоски потенцира дека граѓанската платформа за борба против сиромаштијата објави дека денес 500 илјади наши сограѓани живеат во сиромаштија, рангирањата покажуваат дека корупцијата во Македонија е полоша и поголема од онаа во Руанда и Свазилен.
„За само една година Владата со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра. Сега не дебатираме за зголемување на пензии, туку дискусијата е зошто ги намалуваат. Ги зголемија даноците, ги отповарија земјоделците, оние со авторски договори. Инвестиции нема, а како и да има кога нема човек во јавноста кој ги знае имињата на министрите кои земаат плата за да привлекуваат инвестиции“, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.