Зарем некој мисли дека зад сето ова не стои власта, праша на прес-конференцијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој од власта побара одговори на неколку прашања.
Прво, каде се Кики и Фрики во постапката на Обвинителството во случајот „Рекет“, второ, дали е точно дека силата на Катица Јанева доаѓа од Зоран Заев, кој во една прилика на Катица Јанева и рече – „Не се секирај, се ќе биде во ред“. Натаму дали е точно дека во куќата на првообвинетиот чест гостин бил висок функционер на СДСМ заедно со Јанева и на тие средби биле договарани обвиненија и понатамошни постапки на СЈО и на крајот, дали е точно дека се штитат високи функционери на СДСМ?“
Мицкоски побара веднаш оставки и предвремени парламентарни избори.
Comments are closed for this post.