Обвинителката Ленче Ристоска се надева дека угледот на Специјалното јавно обвинителство не е нарушен и оти тоа не треба да се перцепира со однесувањето на некој од обвинителите.

Јас би била разочарана доколку е нарушен угледот и доколку луѓето почнат да ги перцепираат однесувањата како референтна точка за еден обвинител.Јас се надеваам дека во сите постапки , па и онаму каде јас сум била обвинител, сите обвинети точно знаат обвинителот со кој комуницирале како интегритет има и како одела комуникацијата. Искрено се надевам дека интегритетот е задржан.