Секој што се огрешил пред законот и сторил кривично дело низ една фер транспарентна судска постапка треба да биде докажано и да има осудителна или ослободителна пресуда. Секој политичар што се одлучил да се заканува, да притиска новинари, медиуми итн. исто така треба да сноси одговорност. Ова во интервју за Фокус го вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој се осврна на Рекет и на бомбите.

Специјалното јавно обвинителство, коешто требаше да биде резултат на тој процес каде што беа објавувани тие нелегално снимени материјали, и како таков тој резултат требаше да гарантира правда, почитување на законите, уставот на оваа држава. И мојот одговор сега ќе го поделам, покрај овој вовед, во два дела. За првиот дел еве ќе ви дадам пример, да излезеше притвореничката сега, а тогаш специјален јавен обвинител Катица Јанева и да каже отпочнавме предистрага за Христијан Мицкоски. Но, од ова што до сега го имаме како материјал прибавено констатираме дека нема потреба и нема индиции за истраги и за обвинение и да го затвори случајот. Втор случај. Повторно пресконференција – отпочнавме предистрага за Христијан Мицкоски и врз основа на ова што го констатиравме има услови да предистагата премине во истрага, а потоа ќе ја информираме јавноста дали од таа истрага имаме доволно докази за обвинение или немаме. Трет пример. Отпочнавме истрага којашто се базира на предистрагата за Христијан Мицкоски и констатиравме дека имаме докази за сторено кривично дело и го поднесуваме обвинението за тоа и тоа сторено кривично дело“, вели тој.

Додава дека не може специјалниот јавен обвинител секогаш на пресконференија да излегува и да лицитира со имиња и да нарушува пресумпција на невиност.

Имам сведочења од пратеници коишто практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото и конечно на крај, сведоци сме на најголемиот скандал во поновата историја на Република Македонија „Рекет“, каде што со очи македонската јавноста можеше да ги види парите во куферот и да ја слушне Катица Јанева дека се ќе било ОК. Зарем вие мислите дека овие, Бојан Јовановски, Катица Јанева и останатите учесници сами можеле ова да го направат? Јас ви гарантирам…“ – вели тој.