Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како цел е да ја порази оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ и секој кој ја има истата цел е добредојден. Тоа го имам кажано неколку пати јавно, а го имам кажано и од гостување овде во Дневникот на Сител. Еве уште една прилика за јавен повик кон сите да се придуружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на централниот Дневник на телевизија Сител.
Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководтавото на Левица.
„Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт“, рече Мицкоски.
Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.
„Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите, а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички“, кажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.