Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на денешната прес конференција покажа материјали кои укажуваат на можна вмешаност на лица од власта во случаи за корупција, односно за „Рекет 1“, Рекет 2, „Рекет 3“.
Според Мицкоски, во записниците од „Рекет“ го нема неговото име, но има на многумина од власта.
Сведоци бевме на една панична прес-конференција денеска, полна со небулози, лажни келвети и невистини. Дури Зоран Заев, човекот кој е заштитник и промотор на криминалот во овие три години се дрзна да ме обвини дека истрагата за „Рекет“, според него, водела до мене. Јас не сум како Зоран Заев. Јас верувам во чесноста и честитоста на луѓето и нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но ќе го предупредам. Свиркачи ги донесоа во ВМРО-ДПМНЕ исказите дадени кај обвинителката која го води предметот „Рекет“, но истовремено и наредбите за вештачење и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема. Но, има имиња на луѓе од власта-истакна Мицкоски.
Претходно премиерот Зоран Заев на прес-конференција рече дека лично смета дека истрагата за предметот „Рекет“, води кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Лично мислам дека истрагата за „Рекет“ води кај Мицкоски, ама тоа е мое лично мислење. Јас можам да мислам што сакам, истрагата треба да покаже каде води предметот“, рече Заев одговарајќи на новинарското прашање.
Comments are closed for this post.