Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес–конференција најави нов скандал во кој е вмешана владата на Зоран Заев.
Mицкоски ги потврди информациите дека на повидок е нова афера за злоупотpеба на пари од европските фондови и тоа додека се уште е актуелна аферата „Рекет“.
Имаме информации за злоупотреби меѓу другото и на европските фондови, но истовремено имаме информации и за друг вид на злоупотреби од страна на високи функционери на СДСМ и не само во владата, туку и во институциите надвор од владата. Се проверуваат луѓето кои сведочат, кои ги доставуваат тие информации, се разбира одговорно ги препраќаме кон соодветните институции, во случајов тоа е државното Јавно обвинителство. Но, доколку видиме дека долго време ќе нема реакција од државното јавно обвинителство, тогаш како одговорна политичка партија, имајќи го предвид јавниот интерес, сите овие информации ќе ги споделиме со јавноста, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.