Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање по поднесување на граѓанската иницијатива за Референдум во Државната изборна комисија, кој е неговиот коментар за изјавите од страна на владата дека имаат план за справување со енергетската криза, рече дека власта на СДСМ го краде народот со тендерите за транспорт и набавка на мазут и јаглен, укажувајќи дека доколку не се вразумат и не донесат вистински мерки, граѓаните ги чека тешка есен и уште потешка зима.
-Знам тоа е планот-немам план. Затоа што ние година дена апелираме и предупредуваме дека ќе дојдеме до ова што денеска ни се случува, но за жал од страна на власта цело време бевме негирани и во јавноста даваа, би рекол од овој аспект, комични и трагични изјави дека ја имаат работата под контрола, а во суштина ниту имаат знаење, ниту имаат компетенции, ниту имаат подготвени капацитети за да можат да дадат таква изјава дека ја имаме работата под контрола. Некој претпоставувам советник за односи со јавност им рекол бидете оптимисти, кажувајте дека се контролирате, а единственото нешто што тие го контролираат се само тендерите во четири очи, за ископ, транспорт на јаглен и транспорт на мазут со кој што се пљачка и онака понижениот и опљачкан народ во Македонија. Жалам што ова морам да го констатирам, ни претстои тешка есен, есента воопшто не е ни почната, а веќе има паника меѓу граѓаните, а уште потешка зима и доколку не се вразуми власта, оваа вообразена власт и доколку не седне и вистински мерки да предложи, тогаш навистина очекувајте катаклизмични резултати оваа есен и уште покатаклизмични резултати оваа зима, посочи Мицкоски.
Comments are closed for this post.