Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протестен марш кој го организираше партијата, го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.
Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за „вмровските работи“. Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она кое и го приреди на нацијата, за сите недостоинствени политики. Јас и ти, очи во очи пред македонските граѓаните, па тие нека судат кој е во право. Немој овој пат да се криеш. Избери време, место и медиум. Таму ќе дојдам каде што ти сакаш и ти ќе кажеш – порача Мицкоски до премиерот, Заев.
Comments are closed for this post.