Врз основа на тоа што го читаме и добивме како информација, ако е така тога е шокантно, негативно и лошо. За тоа зборував цело време, дека се предвидува да сите барања на Бугарија бидат дел од преговарачката рамка. Ова е нокаут за македонската дипломатија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 за францускиот предлог, бугарските услови да влезат во преговарачката рамка.
Мицкоски потенцираше дека тоа значи дека ние или ќе се асимилираме, односно бугаризираме или никогаш нема да бидеме дел од Европската Унија.
Тоа е класичен нокаут. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Затоа што денеска покрај овој нокаут за македонската дипломатија, слушам уште еден преседан, а тоа е да се уценува Македонија земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус. Македонија беше во 1999 добар домаќин ан стотици илјади НАТО војнции, имавме војна на нашата северна граница, никој тогаш не ни рече од утре сте членка на НАТО, туку во 2008 повторно бевме уценувани да менуваме име. Македонија имаше внатрешен конфликт, никој тогаш не кажа од утре сте кандидат за ЕУ, чекавме до 2005. Работевме за да дојдеме до тој кандидатски статус, нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека 22 години седиме во чекална, а не сме ни на масата, а држави кои не можеа да замислат ЕУ не поминаа и денеска се дел од ЕУ.
Како на луѓето од Македонија ќе ги презентираме европските вредности коа ние сме уценувани да прифатиме да се асимилириаме и бугаризираме, и нашите предци, дедовци и баби ако сакаме да сме дел од ЕУ или тоа за нас е невозможна мисија. Жалам за тоа што се случува во Украина, но жалам и за тоа што се случува во Македонија. Десетици автобуси полни си одат со млади од државава затоа што некој 22 години не влече за нос. Нема што да се разговара за ваква позиција, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.