Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција уште еднаш побара оставка од владата.
Тој истакна дека Оливер Спасовски немал храброст да се појави пред јавноста, додека Заев се „препелкал“ пред граѓаните.
Ја погребаа правната држава, дозволија да им избега Мијалков затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира поради заробените институции.
Кога ја нацртав линијата во ВМРО-ДПМНЕ дека компромис со криминалот не правам, тие кои се научени така веднаш се соединија. Затоа најдобар пријател на Заев станаа т.н. иницијатори. Добро е што се собраа сите на купче, лошо е што хараат по државата и пљачкосуваат.
Додека МВР на Спасовски пишува казни на народот, и се фали колку казни напишаа за народот, Мијалков го пуштија да им избега со милионите. Но на овие арамии им доаѓа крајот.
Заев, тоа купче на уценувачи и кое вршеше работа за раскол во ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат му даваше поддршка и ветуваше да не се соочи со правдата, стана твој тег на ногата, твој срам, и за жал ја тоне Македонија. Затоа имаме обврска Македонија да престане да тоне. Мојата борба против тебе и твојата мафија ќе продолжи со уште пожестоко темпо. Никогаш не сум правел компромис со криминалот. Затоа ќе победиме заедно со народот.
Дадовме 24 часа вашата истрага, криминална истрага да даде резултат. Ама договорено ви е. Вчера душата ми се параше кога го гледав Заев како се препелкаше пред граѓаните. За жал, Спасовски не најде храброст да се обрати пред граѓаните. Затоа не чекајте, министерството, владата, судот, обвинителството треба да дадат одговори за овој случај. Одговороснот мора да има бидејќи граѓаните браат правда. Ништо не сте способни да направите. Не можете вакцини да обезбедите, не можете да направите попис кредибилен, не може да направите реформи, не може да одржите седница во Собрание затоа што немате мнозинство. Македонија е во политичка криза, поради вас стана држава со која сите се потсмеваат.“, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.