Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска имаше состанок со луѓето од Езерани и со Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Ресен, после кој порача дека Македонија нема повеќе време за губење.
Мора да се гарантира напредокот. Завршува времето на арамиите и октопод политичарите, завршува времето на измамниците. Доаѓа времето на луѓето коишто ќе бидат отчетни, кои што ќе бидат меѓу народот и коишто ќе понесат вистинска одговорност за грешките кои што ќе ги направат. Јас ќе сторам се да таков број на грешки има се помалку, но она што можам да ви го ветам е дека сиот труд сета своја енергија до последната капка пот заедно со вас ќе ја вложиме во кревањето на Македонија, во обновата на Македонија, од овој пепел кој што овие арамии и рекет политичари во владата ќе ни ја остават, порача Мицкоски
Comments are closed for this post.