Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски на брифинг со новинарите ја отвори аферата Мафија 2, која се однесува на изготвување и издавање лични документи на исти лица со различни матични броеви во Македонија. Покрај аферата мафија, каде што структури на власта изддавале патни исправи и документи за идентификација на криминални структури, во оваа афера може да се види дека едни исти лица имаат по два матични броеви

Според информациите што ги добивме во Македонија постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви. Едно лице со два матични беоеви го има двапати во избирачкиот список. Со двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребуваат државните институции, банките…., рече Мицкоски.

Според документите што ги презентира Мицкоски, аферата Мафија 2 окрива дека едно лице со два матични броја еднаш се јавува во избирачкиот список со своето вистинско име и со вистинската адреса, а вториот пат регистрирано како друго лице во друга општина.

Овој криминал се користел за гласање, рече Мицкоски.