Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го посети село Будинарци во општина Берово, каде изврши увид во ситуацијата со пожарите.
Мицкоски денеска на прес-конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е мобилизирана, ја следи состојбата и директно од терен ќе помага на населението каде што има најголеми зафати од пожар, а вети и донација на основни средства за жителите на Берово.
Во моментот пристигна првата донација од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски заедно со граѓаните истовареше вода.
Во разговор со граѓаните кои му приоѓаа, Мицкоски посочи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да помага на граѓаните, додавајќи дека состојбата со пожарите излегла од контрола, бидејќи недостига институционално раководење.
Како што претходно најави, Мицкоски останува на терен со граѓаните до кога ќе им биде потребна помош.
Comments are closed for this post.