Нека денешниот празник внесе спокој во Вашите домови и ваквите големи празници нека бидат мотив да се присетиме на клучноите пораки, кои ги шири Христијанството, а тоа е мирот и заедништвото, праведноста и добрината, вели во својата честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во овие несигурни и тешки времиња за нашата земја, да бидеме истрајни во нашата заложба за градење на заедничка иднина. Да се спротивставиме на неправдите, да се избориме за подобар живот. Да бидеме истрајни против корупцијата и криминалот кои го разјадуваат секое здраво ткиво од нашето општество, и не влечат надоле. Со заедништво да одговориме на поделбите, на нападите да одговориме со смиреност, и верба. Мракобесието надвиснато над нашата земја да го победиме со одлучност и желба за обнова. Да се помолиме за светол пат и чиста мисла. Да живееме сакајќи ги нашите ближни. Пресвета Богородица е длабоко вкоренета во верувањата и традициите на нашиот народ, и овој празник има особена почит кај народот и е дел од големата народна меморија. Нека е честит празникот и за многу години, вели Мицкоски во честитката испратена до медиумите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и годинава како и лани ќе присуствува на свеченоста во манасторот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово, а попладнето ќе ја посети општина Крива Паланка и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.
Comments are closed for this post.