Човечките ресурси со кои располага Специјалното јавно обвинителство се дискутабилни и целиот тим е контаминиран од случајот “Рекет” смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Тој во гостувањето на Сител истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиелни забелешки за Законот за јавното обвинителство.
Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителствата од каде што биле преземени, рече Мицкоски.
Тој вели дека е проблематично преземањето во новото обвинителство на обвинители и вработени кои можеби се инкриминирани или соучесници во случајот “Рекет”. Наброја и дека во СЈО биле вработени внукот на Јанева, идната снаа на Јанева, двајца братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски, синот и внуката на една од обвинителките, ќерката на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски.
Сите овие договорци да бидат преземени? Останува прашањето кого поддржуваме ние? Луѓе кои биле соучесници во рекет? Истрагата ќе покаже кој сѐ од овие лица е инкриминира, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Го коментираше и предлогот Русковска да биде на чело на ова обвинителство, а даде и свој предлог.
Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и кредибилитет, кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа одделение или обвинителство, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.