Блокираме се што е погрешно, а власта е таа што тера погрешни политики, ако не го правиме ова Заев ќе си прифати глатко Нормално е да блокираме се што е погрешно, но тие освен погрешни политики, не знаат друго ништо да прават. За овие 4 години не можам да се сетам на ниту една добра работа која ја направиле за државата, народот или нацијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за „Што не е јасно“ на Алфа.
Мицкоски потенцираше дека тоа што власта на почеток еуфорично го најавуваше како радио дифузна такса, или евтина тарифа за електричната енергија им се удри од глава и народот три пати го плати тоа. – Станува збор за луѓе кои имаат медиокритетски карактер, кај нив не може да очекувате нешто кое ќе биде авангарда, нова политика и Македонија да направи крупни чекори, и да ја видиме подалеку, ова се луѓе со потпросечни капацитети.
Овие 4 години ние тоа го гледаме Нормално е дека кога гледаме дека сите шанси ги пропуштиле, да мислиме решенија за утре кога ќе ја имаме ние одговорноста, а дотогаш да ги блокираме погрешните политики на власта, изјави Мицкоски. Мицкоски истакна дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи и ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги аминува овие погрешни политики на Зоран Заев и СДСМ, тогаш се лаже.
Tој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки да го спречи Заев да ја прифати бугарската декларација, бидејќи ако сега не се спречи, Заев и Бучковски ќе прифатат глатко.
Побаравме да се заземе државен став позади кој ќе застанат сите политички партии, како договор на Декларацијата на бугарскиот Парламент, но ме нападна и рекоа дека тоа е за еднократна употреба заради изборите во Бугарија, но 2 години подоцна гледаме дека содржината на тој документ е услов да ние како Македонија ги почнеме преговорите со ЕУ. Заев континуирано вели дека не преговара за идентитетот и јазикот, а тоа е основата во Декларацијата, во која има услов и за антифашистичката борба на македонскиот народ. Сите демократски алатки ќе ги искористиме да ги спречиме Заев и Бучковски да ја прифатат Декларацијата, нагласи Мицкоски
Comments are closed for this post.