Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашните разговори со Зоран Заев единствена цел на премиерот била аменстија за сите негови луѓе за кои постојат сомневања дека се замешани во случаите со корупција.
Тоа беше барањето што доведе вчера да немаме договор. Ако Заев прифатеше новото обвинителство кое ќе го раководи предлог на најголемата опозициска партија се позанимава со корупцијата на сите именувани и избрани лица, без разлика од која партија доаѓаат, без разлика на времето кога го сториле тој криминал ние денеска ќе имавме договор“, објасни Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали во снимките кои се доставени во Обвинителството има снимени разговори во кои се споменува Заев, Мицкоски одговори:
Во еден момент Заев рече „ах па вие ќе не потрупате со обвиненија ако ова го прифатиме“. Човек што е сигурен во својата чесност, честитост, законито работење нема таква изјава да даде-објасни Мицскоски.
Comments are closed for this post.