Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот „Свети Јован“ во Љубанци од каде повтори дека народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта.
Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии. Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер.
Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна. Клучот на неуспсите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев. Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази“, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.