Изминативе 100 дена Влада се најлошите кои ги имало во историјата на Македонија. 100 дена на изгубени животи, иднина, пари, илијадници загубени работни места, инвестиции. 100 дена Влада на изгубени надежи. Ветуваа живот, за само 100 дена добивме вето, пропадната банка, поскапена електрична енергија, 1.400 загубени животи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција за 100-те дена Влада на премиерот Зоран Заев. Поради ова Мицкоски упати апел за итна лидерска средба на која ќе се зборува за здравсрвената, политичката и економската состојба и повтори дека бараат експертска Влада и оддржување на предвремени парламентарни избори веднаш кога ќе се создадат здеавствени услови за тоа. 

Македонија со Заев бележи само загуби. Од сите нас зависи колку ќе му дадеме прилика да губи. Се коцкаат со идентитетските прашања и што е најлошо многу лажат. Имаат многу загуби но само дел од ќе споменам. Имаме економија во рецесија, пад од 6 проценти, историски најголемо задолжување на државата, буџетска дупка, раст на јавниот долг. Нема капитални инвестиции. Има одлив на странски инвестиции, ги нема ниту оние пет кој ги ветуваше Џаев пред изборите. Повеќе од 50.000 граѓани бараат работа, Во овие четири години не задолжија близу 2 милијарди евра – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека загубите во здравството за жал се плаќаат со човечки животи поради неспосопбното менаџирање на здравствениот систем.

Смртноста е извонредно висока. Седми сме во светот поради неспособнаста на Филипче и Заев. Има недостиг на медицински кадар а во Агенција за вработување се пријавени 3.000 здравствени раборници. За Клиничкиот центар не треба да трошиме зборови. Лага е дека им се покачени платите на здравствените работници – рече Мицкоски

Тој додаде дека е драматична состојбата во земјоделието,  килограм тутун е колку кутија цигари. Во агонија се и оризопроизводителите. Измамени се и лозрите, без субвенции останаа и оние со лозов и со овесен насад. Езерата се на биолошки инуимум

Образобанието е на колена, еден месец доцнеше страртот на учебната година. Над 10.000 ученици следат настава од телевизија. Се прекршуваат мерките против панедемијата.  За инфраструктура немам што да зборувам. Закочени се сите проекти кои ги наследија, гасификацијата доцни. Секои избори ја ветуваат гасификацијата – рече Мицкоски.

Според него нема ниту еден проект во културата.

Но затоа станавме земја со најмногу скандали, пропадна Еуростандард банка. Најавија продажба на поштата. Илјадници евра од Лидија Димова завршија во фризерница, обука на магариња и што уште не. Се случи и аферата „Дака“. Тргнаа да прават уставен судија од Кацарска. Но, Круната на загубите е ветото од ЕУ. Ветото е израз на исклучителната неспособност на Заев. По четири години лаги е јасно дека имаме Влада која не може да испорача европска иднина. Се случи народ па не му успеа да го распродаде идентитетот. Успеавме сите заедно да одбраниме менување на историјата, ретуширање на историјата и прикажување на фашистите за ослободители. Оваа добиена битка не значи дека засекогаш сме успеале. Ова е само првиот чекор. Се додека Заев е премиер идентитетот е под закана. Треба Заев да падне за Македонија да стане. Да не дозволиме уште четири години да се коцка со нашите животи. Доста беше загуби, по толку силни загуби Владата го изгуби сиот свој кредибилитет. Затоа Зоран Заев мора да замине, ги потрошија сите адути и ветувања. Подеднаква одговорност имаат и парламентарните партии од власат, не бидете сооучесници дејствувајте како независни.  Веднаш лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, економска и здравствена ситуација – порача Мицкоски.