Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска на собраниската комисија за финансирање и буџет го спомена поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.
Имено, тој додаде дека минситерот Тевдовски, кој велел дека ќе ги врати 600.000 млади во државава, се иселил.
Да потседатам, прв министер беше Драган Тевдовски којшто влезе толку оптимистички за враќање на средната класа, за воведување на прогресивниот данок, и за укинување на рамниот данок со којшто че ја враќаше средната класа во Македонија. Средната класа е доволно свесна што се владата на СДСМ-ДУИ направи за нив, и доволно свесна дека по само помалку од една година од воведувањето на прогресивниот данок без некоја јавна дебата, без поголема јавна или експертска анализа на сето тоа, го стави во мирување данокот до 2023 година и прогласи капитулација на главната мерка. На тој начин заврши нашиот прв и почитуван министер, сега гледаме дека работи во странство. Тој што ќе враќаше 600.000 млади македонски граѓани на работа во државава, им се приклучи во нивната работа“, посочи Мицевски.
Comments are closed for this post.