СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Покрај тоа што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред разрешување на осомничената Катица Јанева, таква седница суште нема. Согласно извештајот на Советот за јавни обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Катица Јанева досега требаше и мораше да биде разрешена. Собранието е должно да постапи врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители и по предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувања и да го утврди предлогот за разрешување во најкраток можен рок. Секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот. Наместо да биде разрешена, осомничената Катица Јанева сеуште дава наредби од притвор. Повеќе од очигледна е намерата на парламентарното мнозинство и Зоран Заев да ја заштитат Катица Јанева од разрешување. Бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси“, вели Мицевски.
Според него секојдневно новите информаци во медиумите за вмешаноста на високи партиски функционери на СДСМ во најголемата криминално-рекетарска афера „Рекет“ се причината зошто власта се плаши да ја разреши Катица Јанева.
„Тоа е и причината зошто Катица Јанева сеуште не е разрешена. Намерата на СДСМ и Зоран Заев е Катица Јанева да не биде разрешена, за незаконско, нестручно и нсовесно работење туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот. Планот за спас на Катица Јанева нема да успее. СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева. Уште еднаш апелираме до пратениците од парламентарното мнозиснтво да престанат со купување на време и со тактизирање и веднаш да биде разрешена осмничената Катица Јанева со цел да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител“, додава тој.
Comments are closed for this post.