Демократската партија на Албанците нема да ја повлече својата подршка за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на претстојните избори и покрај осудителната пресуда што за мене е неправда и нема никава врска со правдата. Ова го изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи пред почетокот на денешната седница на Централното претседателство што во проширен состав со присуство на претседателите на ограноците од оваа партија се одржа во нивното партиско седиште во Тетово.
– Ние не смееме да го повлечеме дадениот збор бидејќи веќе решивме да го подржиме кандидатот Пендаровски. Тоа што се случи со казната е неправда и нема врска со правдата. Постојат многу внатрешни и надворешни фактори што се многу заинтересирани да поставуваат камења на шините каде се движи локомотивата на ДПА, но тие нема да успеат да не исфрлат од шините. Ние ќе продолжиме по патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО и убедени сме дека Македонија добро и сериозно се движи по овој пат, изјави Тачи.
Тачи на почетокот од месецот доби неправосилна казна од Судот во траење од три години и два месеци затвор додека тогашниот предлог на ДПА во Државната изборна комисија Бедредин Ибраими четири години и шест месеци, како виновни за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
На денешната седница на централното претседателство, генералниот секретар на ДПА, Имер Алиу, бил избран за претседател на формираниот централниот изборен штаб за претстојните претседателски избори, како и соодветните штабови по ограноците низ државата, информираше портпаролот Беким Фазлиу.
Посочи дека Аслиу ќе биде и нивен член во заедничкиот изборен штаб на сите партии од владеачката коалиција што застанаа зад претседателската кандидатура на Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.