Во однос на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов оценува дека нејзината работа е значајна за градење доверба меѓу двете земји.

Апсолутно сум согласен дека оваа комисија е значајна. Главното е да се работи на вистината. Така е наведено и во Договорот дека тие треба да најдат решенија што се темелат на автентични докази засновани на историски извори. Сметам дека тука имаме добра основа и се надевам дека со оглед што од двете страни се ангажирани добри експерти ќе се дојде до резултат што ќе биде доволно видлив и нема да создава нови колизии, туку напротив, ќе ги решава сите проблеми што постојат, вели бугарскиот амбасадор Ангелов.