Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид во банкарска потврда“, објави телевизијата на својата веб страна.
Претходно УЈП потврди дека сметката на телевизијата е блокирана.
Од 1ТВ велат дека се објавуваат тенденциозни информации во одредени медиуми.
Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите“, велат од телевизијата.
Од УЈП не открија која е причината за блокирањето на сметката.
По однос на причините врз чиј што основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во информацијата испратена од УЈП.
Comments are closed for this post.