Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е и предводник на т.н. „огнена група“ во партијата, го поддржува предлогот на опозициската Алтернатива за формирање заедница на албанските општини во земјава по примерот на Косово.

Тој вели дека е очигледна потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, но и во интерес на граѓаните, бидејќи според него таа власт е најблиска до нив.

– Заедницата во Косово ќе има „домино-ефект“ во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4% да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30% во Македонија и претендираат за истите права – рече Меџити.