По вчерашното обраќање на евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски е јасно дека Македонија не ги почнува преговорите за членство само поради условот што СДСМ го прифати додека беше на власст-а тоа е ставаање на Бугарите во Уставот. Рокас беше дециден дека Македонија е меѓу најуспешните земји кога станува збор за реформите и Планот за раст. Спорот со Бугарија за жал стана политички критериум.

Земјата има добро ниво на подготвеност и е меѓу трите први земји кога станува збор за реформската агенда. Овој извештај треба да се гледа како силно охрабдување затоа што има многу детали за сите 32 поглавја но и предлози како да се напредува.Ќе се обидеме заедно со владата да ги донесеме неопходните промени каде што граѓаните ќе можат да видат напредок во секојдевниот живот. Граѓаните треба да го гледаат овој извештај како позитивен, рече вчера Рокас.

Сличен став има и премиерот Мицкоски.

Одлуките што ги носиме како претседатели на влада може да не следат и граѓаните кои не гласале и таква беше одлуката на претходната влада кога по пат на политички егзибиционизам влегоа во авантура која сега е политички критериум за нас за да почнеме преговори. Жалам што тогаш не не послушаа и што сега е политички критериум а не е критериум кој го оценува нашиот напредок и учинок. Извештајот е подобар од претходниот