На улица Јордан Мијалков четири пожарни возила се борат со пожарот кој избувнал во дуќан за моторчиња и гуми.
Според информациите до кои дојде Република се стравува и дека еден од вработените е заглавен внатре во дуќанот.
Во просториите имало и боци со плин, поради што пожарникарите водат битка со огнот за да не се прошири. Во пожарот има и повредени.
Големиот број гуми за возила и автомобилско масло што се наоѓаат во дуќанот се закана пожарот да избувне во пошироки размери. Од информациите на терен, огнот веќе почнал да се шири на дел од куќите кои се наоѓаат во близина на дуќанот. Пожарникарите се борат со пламените јазици, со цел побрзо гаснење на пожарот и заштита на граѓаните.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Comments are closed for this post.