Под мотото „Сведоштво за семејството“, граѓанската платформа „Сојуз за живот“ денеска организира граѓанско-верски собир со цел да се испрати пораки за заштита на вистинските и темелните, животни, брачни, семејни и верски вредности.
Граѓанско-верскиот собир започна со литургија во црквата „Света Богородица“.
„Сојузот за живот“ го сочинуваат повеќе невладини организации, движења и неформални групи кои се залагаат за заштита на вредностите на традиционалното семејство и бракот.
Свештениците кои се предводници на маршот порачаа дека тие не се против никого, но не ја прифаќаат пораката на процесот како што велат, што некои структури сакаат да го започнат конкретно со Парадата на гордоста.
„Ние се спротивставуваме на таа идеологија и поучени од случувањата на запад и страшните последици кои ги гледаме таму, се залагаме тоа да не пушти корени во нашата држава и општество. Нашата порака пред се е до луѓето кои ги носат одлуките во државата, сегашната, но и идните власти, како и до целата македонска јавност дека најголем процент од верниците не го прифаќаат процесот што треба да доведе до редефинирање на тоа што е брак, семејство, пол и род“, порача отец Ивица.
Comments are closed for this post.