Министрите кои ги зафати партиската реконтрукција се спасија од владината. Двајца од нив кои беа променети од потпретседателската функција не беа дел од смената на министри.
Пресинг ТВ го поставува прашањето како функционерите кои не беа доволно добри да ја извршуваат партиската функција би биле добри за државна? Тоа пред се се однесува на Дамјан Манчевски и Оливер Спасовски кои ги задржаа министеските функциите?
Одоговорност немаше ниту за градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов иако тој не е дел од централната туку од локалната власт. Заев не побара тој да си замине иако на неколку анкети беше посочен како најлош градоначалник на главниот град во последните десетина години.
Мухамед Зекири и Фросина Ремеснки се сменети од потпретседателските функции, но останаа пратениците во Собранието.
Заев како лидер на СДСМ на крајот на мај, обраложувајќи ја смената на потпретседателите нагласи дека ја примиле пораката од граѓаните и оти одлуката е сериозен израз на одговорност.
Последниве неколку денови власта трпи удари како од опозицијата и граѓаните така и од странскиот фактор. Граѓаните се незадоволни од помпезно најавуваната реконструкција, која според многумина е само замачкување на очи, а пак амбасадорите реагираат на увереноста на власта дека во октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите за членство и покрај тоа што заклучокот на ЕУ по ова е јасен и се наведува дека на ова прашање ќе се навратат до октомври, но не и дека ќе биде одреден датум за почеток на преговорите.
Последниот „шамар“ стигна од францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој ја праша власта зошто толку запнала за датум и оти поважни се внатрешните реформи.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека она што го рече Тимоние е силен удар за власта иако тоа не го кажува прват, туку вакви квалификации за власта изнесува во изминатите две години.
Според него, очигледно е дека граѓаните веќе немаат очекувња од оваа власт и оти реконтрукцијата тоа го потврди.
Најавата беше дека пораката е примена но ништо од тоа не се исполни.Наместо тоа, добиме удвојување на функции а згора на тоа не само што не беше сменет туку доби нова функција министерот што имаше најмногу критики а тоа е Дураки. Оваа реконтрукција не не ништо повеќе туку меѓукоалициски договор и партиски прегрупирања -анализира Божиновски за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.