Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија рече дека ќе се вакцинира доколку пристигнат вакцините во Македонија.
Да ќе се вакцинирам, ако дојдат вакцините. Немам никакви преференции, бидејќи мојата сестра е доктор по фармацевски науки и точно ме избрифирала што значи.
На прашањето дали со руска и кинеска Мицкоски рече зошто да нема руска или кинеска вакцина, директно прашувајќи: Зар Русите не јадат од Мамас ајварот и корнишоните на Заеви? Немам дилема зошто? Со секоја вакцина која што ќе дојде во државата. Во Русија Мамас ајвар не јадат, корнишони не извезуваме во Русија? Кога го потпишуваат договорот со Русија од фабриките на Заев, кога потпишува Бобан Заев не јадат Русите, оперирирани се од корнишоните од фабриките на Заев?, вели Мицкоски и додаде: Не е битно дали е руска, кинеска, дали е Фајзер, дали е Модерна, дали е АстраЗенека, нека ја донесат каква и да е.
Comments are closed for this post.