Договорот од Преспа е одличен пример за Европа и порака на надеж за сите нас дека дијалогот води до резултати, порача францускиот претседател Емануел Макрон за време на прес-конференцијата на крајот од Петтиот Самит на земјите од Југот што се одржа на Кипар.

 

На крајот, дозволете ми да кажам неколку зборови, за да ги споменам Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои заедно се договорија за името Северна Македонија со усвојувањето на Договорот од Преспа. Тоа е одличен пример за Европа и порака на надеж за сите нас, за тоа што може да понуди способноста на дијалог и дијалогот меѓу луѓето кои сакаат да најдат решение и дава многу надежи за Европа и секаде каде што постојат несогласувања. Ова ни дава кураж да кажеме дека дијалогот води до резултати, рече Макрон.