Членот на Судскиот совет, Селим Адеми, на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците.

Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач – рече Адеми.

Претседателот Караџовски одговори дека сите знаат оти Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.

Јас имам намера да го почитувам Уставот и законите и нема да се чека последниот рок – рече тој.

Караџовски ирази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.