Новиот генерален директор на „Македонска пошта“, Јани Макрaдули, објави дека започнува процедурата за реновирање на зградата на поштата во центарот на Скопје, која настрада во пожар од невнимание.
Како една од најрепрезентативните и најпрепознатливите примери за бруталистичка архитектура во светски рамки, и како една од најмаркантните згради на постземјотресно Скопје, макетата од „Македонска пошта“ е изложена во Музејот на модерната уметност во Њујорк (МОМА).
Затоа, заедно со Министерството за култура и другите надлежни институции, ќе продолжиме со интензивирање на активностите од планот за зачувување и ревитализација на опожарениот објект, заради негова валоризација како заштитено културно наследство“-изјави Макрадули.
Comments are closed for this post.