Композиторката и професор по музика, Дарија Андовска, откри дека во последните три години територијата на Македонија се намалила за точно 279 километри.

Андовска го цитира извештајот на Европската Унија за Македонија во кој површината на земјава во 2020 е значително помала од површината во 2017 година. Во извештајот  се гледа дека таквата промена на територијата е направена во 2018 година.

И тоа не е сè, дами и господа. Бројчето што сите го знаеме наизуст од осмолетка – 25.713 км2, веќе не е тоа. Итс меџик. Сега е 25.434 или речиси за 300 км2 помала Македонија. Say what again?! Се смалува со перење. Мозоци – пишува професорката во врска со намалената територија на државата.

И тоа не е сè, дами и господа.
Бројчето, што сите го знаеме наизуст од осмолетка- 25.713км2, веќе не е тоа.
Итс меџик….

Posted by Darija Andovska on Wednesday, October 7, 2020

Каде и како земјата загубила дел од својата територија, што може да биде појас широк 10, а долг 29 километри (за полесно да се разбере за колкава територија се работи) засега нема никакво објаснување од владата.

Според Уставот, никој не може да се откаже од територија на земјата ниту територијалниот суверенитет и интегритет на земјата.