Мерните станици за квалитет на воздухот вечерва бележат енормна загаденост во делови од Македонија. Во моментов најкритично е во Куманово, Струмица и во Битола. Во овие градови загаденоста со ПМ-10 честички во воздухот е 4 пати над максимално дозволените граници (Максимално дозволена концентарција на ПМ10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен) .

Во регионот на Скопје, според моменталните податоци од мерните станици, најголема загаденост со ПМ-10 честички доаѓаат од мерачите кај Бутел и Карпош.