Прв Дневен центар за Даунов сидром во земјава беше отворен денеска во Скопје. Дневно ќе може да прими до триесетина деца, а со нив ќе работи стручен тим од Центарот за социјални работи и од здруженија на децата со Даунов синдром.
Сместен е зад Соборниот Храм, на вкупна површина од 381 м2, а вкупната инвестиција на МТСП за овој центар изнесува околку 6 милиони и 500 илјади денари, изјави министерката Мила Царовска која додаде дека центарот ќе стане свратилиште каде што децата со Даунов синдром ќе се дружат и социјализираат.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, потенцира дека Градот финансиски го помага овој проект , и оти втора годинаа по ред финансиски го поддржува Здружението на родители на деца со Даунов синдром, и најави дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина.
Центарот ќе работи двосменски од 8 часот наутро до 20 часот навечер. Со децата ќе работи стручен тим од Центарот за социјални работи – педагог, психолог, дефектолог и негувател, но и преставници на Здружението на родители на деца со Даунов синдром. Ќе се спроведува и групна и индивидуална работа со овие деца.
На настанот присуствуваше и првата дама, Елизабета Пендаровска, која рече дека станува збор за исклучително важен Центар кој ќе овозможи подобрување на социјалната состојба на овие деца.
Comments are closed for this post.