Македонија е завиена во црно бидејќи Зоран Заев, донесе срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата  и историјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ и Заев насилнички по пат на уцени, закани и пазарења ја погазија волјата на граѓаните и го променија името на Република Македонија, иако македонскиот народ  јасно на референдум порача дека е против промената на името и договорот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев без ронка срам предвреме ја преименува сопствената татковина, иако договорот се уште не е стапен на сила. Заев кој се колнеше во своите предци и сопствените деца дека нема да го менува името на Република Македонија,  сега прославува и се гордее што го променил  името и идентитетот на сопствената земја, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ќе остане запишано дека 81 пратеник спротивно на волјата на граѓаните, противуставно, противзаконски  на нелегален и на криминален начин  го променија името и идентитетот на Република Македонија.

-Оваа влада за една намена предводена од аболицираниот  Зоран Заев , две години ништо не сработи.  Ја заковаа државата на дното, редат порази на секое можно поле, граѓаните стануваат се повеќе сиромашни, а  криминалците од власта единствено ги шират своите сметки и бизниси. Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на Заев и СДСМ. Тие се уверија дека оваа власт дојде за една намена и за ништо друго не е способна освен да носи црнила и да ниже капитулации. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ неправдата која Заев и СДСМ и ја нанесоа на државата да биде исправена. Затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои оваа криминална и црна власт ќе биде жестоко поразена. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за погазувањето на волјата на народот и за сите црнила кои и ги нанесоа на Република Македонија, стои во партиското соопштение.