Македонија можеби има само еден хиподром но затоа има репрезентативец во коњички спорт. Тоа е контроверзниот украински политичар Олександар Онишченко за кој власта офцијално призна дека му доделила македонско државјанство и пасош.
Праксата започната со нарко босовите од Кавачки и Шкаљарски клан, Седат Пекер, водачот на Ндрангета, ред дојде наши исправи да добијат и политичари кои се на црната листа САД и кои имаат блиски врски со Москва.
Онишченко македонскиот пасош го користи за промоција на земјата и веќе под нашето знаме учестува во коњички спорт.На официјалната страна на еквестриан федерацијата Олександар е претставен како натпреварувач од Македонија и има четири победи во овој аристократски спорт. Има учество на две олимпијади и бил претседател на украинската федерација.
Тој има своја фондација која организира Мис на Украина а помага и талентирани деца во фудбал. Олекандар е газда и на фудбалкиот клуб Арсенал Киев.
Има 53 години, две деца и оженет е со поранешната мисица и манекенка Ксенија Кузменко.
Comments are closed for this post.