Македонија денеска во седиштето на НАТО ќе го потпише протоколот за членство. Тоа е претпоследен чекор пред формалното членство во Алијансата.Нашата земја под името Република Северна Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО.

Со тоа Македонија ќе почне да учествува на на состаноците на Алијансата но нема да има право на глас.

Откако протоколот во Брисел ќе биде потпишан, почнува ратификацијата во Парламентите на земјите-членки. Тоа прва ќе го направи Грција, веќе во петок.

Оттогаш почнува и формалната примена на договорот од Преспа. Ратификацијата се очекува без никаков проблем да помине во грчкиот парламент ако се знае дека мнозинство имаше и за изгласувањето за Договорот од Преспа.

Целата процедура во сите земји членки би требало да трае една година но постојат најави дека тоа ќе се заврши порано со цел Македонија во јули да добие формална покана на 70-тиот роденден на Алијансата.