Луѓето во светот се сé повеќе лути, загрижени и под стрес, покажа најновото истражување на агенцијата Галуп за емоциите во кое учествувале повеќе од 150 илјади луѓе од повеќе од 140 земји.
Македонија е најлошо рангирана од земјите од поранешна Југославија, на 84 место, а нејзините граѓани се меѓу најзагрижените. Словенците се пред сите, на 44 место. Србија се најде на 70. место, а зад неа се Црна Гора на 73, Хрватска на 75. место, а три места подолу е БиХ.
Земја во која негативните емоции се најизразени е Чад, со 54 бода според индексот на Галуп за негативни искуства. Зад него следува Нигер и Сиера Леоне со по 50 бода. Четврти и петти најнегативни се Ирак и Иран со 49. односно 48. бода.
Земја со најпозитивни емоции, односно искуства меѓу своите жители, не е, како што би се претпоставувало, некоја од скандинавските земји или други европски држави, туку Парагвај. Оваа земја има 85. бодови по Галуп индексот на позитивни искуства.
Латиноамериканците најпозитивно гледаат на животот
Латиноамериканските земји ги заземаат првите пет места на пописот најпозитивни: Панама е втора со 85. бода, Гватемала и Мексико трети со 84. бода, а Ел Салвадор петти со 83. бода. Тоа, се објаснува во извештајот, најмногу е последица на културната тенденција меѓу Латиноамериканците да „гледаат позитивно на животот“.
Жителите на Македонија, Хрватска и Црна Гора најтажни од поранешните Ју-републики
Според анкетата, Хрватите скоро и да не се лутат. Само 10 отсто од нив одговориле дека биле лути ден претходно, а 88 отсто одговориле дека не биле. Најлута е Ерменија во која 45 отсто од испитаниците рекле дека биле лути. Во Црна Гора се лутеле дури 33 отсто од испитаниците.
Дваесет и два отсто од Хрватите рекле дека биле тажни, што е нешто помалку од просекот, додека 76 отсто рекле дека не биле тажни. Тоа е далеку од Чад, во кој 54 отсто одговориле дека изминатиот ден им бил тажен. Жителите на Хрватска, Црна Гора и Македонија, се најтажни од земјите од поранешна Југославија. Во Словенија таа бројка е 16 отсто, во Босна и Херцеговина 21 отсто, во Србија 20 отсто, на Косово само 9 отсто, додека во Македонија и Црна Гора 22 отсто.
Што се однесува со стресот, за 48 отсто од Хрватите изминатиот ден бил стресен, а за 49 не бил. Најстресно сепак им е на Грците, од кои 59 отсто одговориле потврдно на ова прашање. Хрватска и со стресот води во регионот. Во Словенија стрес чувствувале само 34 отсто од испитаниците, а во Србија, Црна Гора и Македонија само 30 отсто.
Comments are closed for this post.