Градинката „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2 доби целосно нов објект, со што капацитетот за сместување на деца е зголемен за дополнителни 150 метри квадратни, информираат од Општина Карпош.
Од локалната самоуправа додаваат дека стариот објект од монтажен карактер е заменет со нов од цврста градба, при што истиот е енергетски ефикасен и нуди можност за сместување на 95 деца.
При денешната работна посета, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, посочија дека продолжуваат со унапредување на условите во предучилишното образование.
Инвестицијата е во вредност од 10.614.271 денари, која целосно е финансирана од буџетот на Општината.
Comments are closed for this post.