Има една песна од Игор Џамбазов ,,Каква е оваа ситуација”. Се искаравте за милионски провизии, се скаравте кој да ги земе провизиите! Која е оваа фарса и иронија, каква е ова перверзија која ја креирате во јавноста. Ова на денешните советнички прашања во Град Скопје го истакна советникот Гордан Шутаров од редовите на СДСМ, алудирајќи на кавгата на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, околу тендерот за прочистителната станица вреден околу 125 милиони евра.
Со прашања за милионскиот спорен тендер пак се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски.
Тој ја праша градоначалничката зошто чекала месец и половина доколку имала сомнежи за тендерот, бидејќи дописот за смена на членовите на комисијата за евалуација го испратила на 25 јули.
Тој и презентираше и фотографија од турски државјанин, за кој рече дека бил линк со турската компанија која учествува на тендерот.
-Дали го знаете овој лик? Не би сакале по една година да се сетите во обвинителство на овој лик. Дали за ова баравте промена на комисијата за евалуација? Од каде знаевте дека понудата на турската компанија е пониска, праша советникот Галевски.
Арсовска одлучи само на овој советник да му одговори усно, па рече:
-Советниче, кога лажете и кога ви се тресе рачето, смалете доживјај. Кај е шпицниот градоначалник, каде се крие Мицкоски?
Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни луѓе, а Мицкоски не е еден од нив. Откако ви го фатив директорот со рачете во медот одеднаш не чинам. За спорниот тендер има кој да одговори. Јас ќе си продолжам по патот на правдата, ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Да се бореше со власта како што се бори со мене ќе ја спасаше Мкедонија. Кога ги фативме директорчињата на Мицкоски со рацете во медот од тогаш јас не чинам, повтори Арсовска.
По дадената пауза градоначалничката си замина, иако седницата за советнички прашања ќе продолжи.
Comments are closed for this post.