Пожарот во атарот на селото Саса во Македонска Каменица што избувна синоќа е локализиран. Како што информира Малин Трајчевски, командирот на ТППЕ од Македонска Каменица пожарникарите од единицата, вработени во рудникот „Саса” и вработени од надлежните институции се уште се на терен, со цел да не дозволат негово проширување кон шумата или кон куќите во маалата на село Саса, кое е од разбиен тип.
-Во гаснењето на огнените јазици утринава беа вклучени и авионите односно „Ер тракторите” на Дирекцијата за заштита и спасување, откако синоќа од две маала беа евакуирани осум повозрасни жители, додека младото работоспособно население се вклучи во гаснењето на пожарот, истакна Трајчевски.
Во моментов се уште се активни пожарите во близина на беровските села Владимирово и Русиново. Пожарникарите и од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат да не се пали оган на ливадите и во нивите, кој поради ветерот брзо се шири
Comments are closed for this post.