ВМРО-ДПМНЕ преку партискиот портпарол објави дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски нема да гласа на референдумот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратеска цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор, вели Стоилковски.
Нема да гласа ниту потпрерседателот Александар Николоски кој смета дека денешниот ден од прогласувањето на независноста е најбитен за опстојувањето на Македонија.
За мене е лично понижување газење на моето достоинство да гласам дали да се прекрсти Македонија или не.Нема цена што може да е компензација за преименувањето на мојата татковина.Кршење на основното човеково право е друг да ти каже кој си и што си.Дополнително целата атмосфера пред референдумот како и манипулациите на власта се незапамтени до сега. Народот е јасен, не сака да се прекрсти.Не сакам и јас, затоа решим денеска да не гласам-изјави Николоски.
Некои медиуми денеска објавија информација дека пратеничката Даниела Рангелова и координаторот Драган Данев излегле на гласање.
На гласање излезе и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Comments are closed for this post.