Изградба на инклузивно општество, обезбедување право на образование, работа и пристапност до институциите, и вклучување на лицата со инвалидност во сите сфери на општествениот живот, треба да бидат приоритети на сите општествени чинители, е пораката што денеска беше упатена од Националниот совет на инвалидски организации во Македонија до властите на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност 3 Декември во Владата на РМ.
Претставниците на Владата, пак, истакнаа дека остварувањето еднакви услови и можности за овие лица е нивен приоритет и во таа насока потсетија на она што го направиле досега.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, рече дека по барање на родителите на децата со попреченост е зголемен додатокот за ослободување за скратено работно време за секој родител и тоа да биде 50 проценти од просечната плата. Напомена и дека секој родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26-та година и не го дал во институција ќе може да оствари право на пензија иако не ги иполнува условите за тоа.
На овој настан свое обраќање имаше и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар кој истакна дека лицата со попреченост имаат право на еднаков пристап до образование, вработување, здравствен и социјален и културен живот на иста основа како и лицата кои немаат никаква попреченост.
Comments are closed for this post.