Во недела, ЛГБТИ Центарот за поддршка организира настан за прослава на празникот Втори февруари. Како што велат организаторите на ова случување, станува збор за духовен настан којшто треба да се одбележи со израз на вера надеж и љубов. Настанот се организира под насловот „Куќна слава – Второфевруарска extravaganza“.

Со ваквата најава за настанот, од ЛГБТИ Центарот за поддршка прават сквернавење на Христијанството и верата на граѓаните, а тоа се потврдува со самото тоа што при најавата за настанот се користат слики од двајца машки светци како се бакнуваат, а настанот се именува како слава што е изразито христијанска терминологија.