Стариот свет ја памети 1919 година како една од најважните години, иако можеби не како историските 1789 или 1945, пишува германски „Шпигел“.
Но, во 1919 само што заврши Првата светска војна. Исчезнаа четири големи империи:Германската империја, Австро-Унгарија, Царска Русија и Отоманската империја. Стариот свет остана во урнатини, но во исто време се роди новата надеж. Болшевиците во Русија го создадоа магичниот збор „право на самоопределување“. Луѓето имаат право да решеваат во која држава ќе живеат. Американскиот претседател Вудро Вилсон се согласи со слоганот и стана супер стар во политиката, како и Барак Обама на почетокот на неговиот мандат. Се создадоа нови држави, а многу станаа демократии.
Еманципацијата беше големо прашање. Колониите на Франција и на Велика Британија, кои платија висока цена со крв, ја побараа заслужената слобода. Во Америка обоените притискаа за еднаквост. Феминистките се бореа за еднакви права.
Сите овие надежи се слееаја во Париз. На 18 јануари беше одржана Големата мировна конференција, а на улиците на Париз Вилсон беше пречекан од народ. Тој сакаше да создаде Лига на народи, нов механизам за траен мир. „Ако се тргна добро, тогаш како заврши толку лошо?“, е славната реченица на Швеѓанецот Олав Енквист.
Од Париз произлезе Версајскиот мировен договор, со кој многу нации не беа среќни. Германците се чусвтвуваа поразени, американскиот Конгрес не го ратификуваше договорот кој беше потпишан на 28 јуни 1919. Британците и Французите го поделија Блискиот Исток на зони на влијание, со последици кои се уште ги гледаме.
Така, 100 години потоа, ние се уште живееме во свет под силно влијание на Договорот од Версај, и на други конференции одржани по Првата светска војна. Нашите политички желби за Нова година, и покрај многуте разлики од тогаш, се уште произлегуваат од последиците на 1919 па наваму, констатира „Шпигел“.
А, како Македонци, само можеме да додаде дека и Македонија ги чусвтува последиците на Версајскиот мировен договор и тоа без никакви дилеми. Преспанскиот договор е потврда на тоа.
Comments are closed for this post.