„Токму Дарко Каевски ја убедуваше јавноста дека договорот со „Бехтел и Енка“ само што ќе биде објавен и токму поради тие изјави кои беа демантирани од првиот вицепремиер Артан Груби се создава мислење во јавноста дека овој стратешки проект кој треба да чини скоро 2 милијарди евра односно 1,3 милијарди со 600-800-тини милиони за експрпријација предвидени им се отстапени на ДУИ како некое пазарење“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој посочи дека со необјавувањето на договорот нема транспарентност.

„Ако тргнеме така да ги означуваме со деловна тајна сите договори во кој фирмите ќе побараат да бидат означени како деловна тајна практично имаме нетранспарентност односно нема никој никогаш да има увид во тоа како се трошат народните пари“, рече Лефков.

Лефков смета дека целта со изјавите за тајноста на договорот е само одвлекување на вниманието на јавноста. Вниманието е клучно бидејќи излезе дека се предвидени пенали кои треба да се плаќаат доколку Собранието не ги донесе законите и законските измени за 60 часовна работна недела.

Лефков е дециден дека власта настапува со истата реторика како со скриените деловни договори кои беа употребени кога требаше да се набавуваат вакцини од Кина.

„До кога со истите финти и сега и кажувате на македонската јавност ние сме доволни транспарентни. Со законот кој го предлагате за експропијација таа ќе се врши наместо со инфраструктурен проект со патен коридор, а каде го има патниот коридор освен испечатен на маицата на Артан Груби“, вели Лефков.